Acer претстави достапен, конвертибилен лаптоп под името TravelMate Spin B3. Лаптопот користи Windows 10 оперативен систем, има посебна заштита на екранот и е наменет за образовниот сектор.
Со оглед на тоа дека е наменет за студенти, Acer TravelMate Spin B3 го карактеризира бампер за отпорност на удари и механички копчиња со пластични капаци. Компанијата тврди дека лаптопот е отпорен на влага и е MIL-STD 810H сертифициран. Уредот е опремен со Full HD веб-камера и поддршка за Wi-Fi 6.
TravelMate Spin B3 го покренува Intel Pentium Silver процесор, а батеријата трае до 12 часа со едно полнење. Екранот осетлив на допир е покриен со Antimicrobial Corning Gorilla Glass заштита, која е специјално формулирана за да се спречи формирање на микроорганизми. Со микробиолошка заштита се прекриени и тастатурата, тракпадот и делот за потпирање на дланките.
Кога станува збор за портовите, TravelMate Spin B3 користи USB 3.2 Gen 1 Type-C приклучок, HDMI порт и RJ45 етернет порт. Исто така, има поддршка за опционалното Wacom AES паметно пенкало, 4G LTE конекција и 5MP HDR предна камера.
Цената на Acer TravelMate Spin B3 лаптопот изнесува 330 долари, а во продажба ќе се најде од април.