⋮IWConnect, глобална, мултидисциплинарна ИТ компанија фокусирана на интеграција, дигитализација, менаџирање на податоци, анализа, инфраструктура, и создавање на дигитални оптимизирани технолошки решенија (Digitally Optimized Technology Solutions – DOTS), постои скоро 17 години.
Компанијата претходно беше позната како InterWorks, а од минатиот месец се ребрендира и го промени името во ⋮IWConnect. Новото име на брендот, како и логото го означува брзиот раст на компанијата, и подобро ги опишува компетентноста, знаењето, начинот на работа, и искуството кои ⋮IWConnect ги има.
Решивме да го запрашаме Александар Мемца, партнер во ⋮IWConnect, за неговиот пат до успехот, како и за тајната на успехот на најголемата ИТ компанијасо 100% македонски капитал.
– Александар, како одлучи да започнеш кариера во програмирање уште пред 20-тина години?
Секој од нас кога бил дете имал одредена замисла за својот живот и многу често сме велеле: Кога ќе пораснам сакам да бидам доктор. Па така и јас, како и останатите деца, уште кога бев на почетокот на основно училиште, пред речиси 35 години, воден од желбата да креирам нешто што дотогаш не постои започнав со креирање/програмирање на едноставни игрина Commodore 64. Како што времето поминуваше, таа желба да се креира нешто што не постои, и да се користат компјутерите за забава, премина во желба да се креираат и употребуваат програми кои ќе ја олеснат работата на луѓето во мојот близок круг, мојата фамилија и најблиските. Ова резултираше во креирање на различни програми за книговодство, разни автоматизирани извештаи, видео клубови итн. Мојата желба да учам, и постојано да се надградувам, како и да истражувам, ме однесе кон креирање на решенија за комплексни проблеми, препознатливи во индустриите, а паралелно со тоа и развивање на бизнис за пласман на истите тие решенија. Такашто би рекол, дека мојата желба и страст за програмирањето постоеше уште од најмала возраст, но можноста да направам нешто што ќе им го олесни животот на останатите беше клучниот момент кој уште повеќе ја зацрвсти мојата одлука да започнам со програмирање.
– Што те натера да се вратиш во Македонија и да отвориш компанија токму тука?
Македонија е мојата родна земја. Тука сум живеел, растел, и имам голем број на спомени поврзани со Македонија, а посебно со Битола. Желбата да се даде шанса за развој на околината што ме креирала мене е тоа што ме натера да се вратам во Македонија и да отворам компанија тука. Во 2004, во Македонија (особено во Битола), не постоеше некој сериозен пазар за ИТ професионалци, и тогаш заедно со мојот партнери уште неколку храбри ентузијасти и ентузијастки, одлучивме ние да го креираме тој пазар.
Многу ми е драго што ние, како и други сериозни Македонски ИТ компании, сме помогнале да се креира околина за развој на талент и можност за вработување во ИТ секторот.
– Која е приказната која стои позади Интерворкс, или сега ⋮IWConnect?
Зачетоците на ⋮IWConnect се поврзани со личната желба да се даде вредност на околината што ми помогнала мене да сум тоа што сум, а секако постоеше и бизнис интерес. Благодарение на тогашниот едукативен систем (зборувам за кадар што веќе беше работна сила во 2004-2005) во Битола имаше сериозен талент чии што вештини котираа многу добро на светскиот пазар. Во тоа време Индија и Кина беа доминантни на светскиот пазар, па ние одлучивме да креираме конкуренција, или едноставно алтернатива на тоа што веќе постоеше како понуда.Искуството покажа дека можеме многу добро да котираме на светскиот пазар, и често да сме значително подобри од конкуренцијата. Креиравме уникатна понуда на услуги и знаења што сеуште не води како компанија, и со текот на времето поминавме низ неколку транзиции, за сега да сме фокусирани на поврзаноста (конекциите) и дигитализицијата.
Воедно сме покажале дека знаеме да градиме одлични професионалци што се желни за знаење и за професионален напредок, а освен тоа и за поисполнет живот,гладни за знаења, гладни за професионален напредок, и секако поисполнет живот каде парите не се секогаш највредни.
– Како успеа да изградиш компанија која од 5 стигна до повеќе од 170 вработени, присутна на пет различни локации?
Всушност јас ништо не направив сам, не изградив сам, зад мене стои сериозен тим што се градел скоро две декади. Рецептот за успехот е многу фантазирање и замислување што е се возможно, и потоа преземање на безрезервни акции кои не носат кон тие замислени цели. Кажано на друг начин, тоа е преземање на големи ризици, некогаш и на слепо, заради големата верба дека се работи на нешто многу големо и вредно. Во тој контекст многу е битно со кого работиш, со какви предизвици, во каква функција се поставуваш, и на крај која или каква фирма постануваш.
Денес има голема флуктуација на кадар. Сегашната отвореност на светскиот пазар тоа и го покажува сега има најголем број на поединци што се самовработени и даваат ИТ услуга насекаде во светот. Тоа е одлична шанса за секој индивидуалец. Но, за да се креира заедница на пријателство со заедничка цел за континуирано надградување со нови вештини, преку нови предизвици, и со спремност да се решаваат проблемите на најголемите светски брендови, бара огромен фокус и посветеност на тоа што е нашата визија и мисија.
Запазувајќи ги нашите фамилијарни вредности, имајќи ја желбата за раст преку авантури и предизвици од секаква големина, како и огромната потреба за да помагаме на други, не прави да сме исполнети во процесот на креирање на скромно богатство, а воедно да го зачуваме нашиот интегритет. Овие се накратко состојките што јас и моите колеги секојдневно ги употребуваме за да го одржиме и продолжиме да го градиме ⋮IWConnect.
– Колку ти значи Македонија и како се чувствуваш кога доаѓаш тука? Кое е твоето омилено место во државата?
Како што кажав и претходно, Македонија е мојатародна земја за која ме врзуваат голем број на спомени. Јас и мојата фамилија го користиме секој момент кога можеме да се сме тука, затоа што тука се чувствуваме дома. Македонија има голем број на убавини, места кои можат да се посетат во секое годишно време, како што се мојот роден град Битола, Охрид и Скопје. Ако треба да изберам едно место кое ми е омилено, тоа би бил врвот на Тумбе Кафе во Битола, од каде што можеш да го видиш целиот град, а секако и голем дел од Пелагонија.
– Како дојдовте до идеја за ребрендирање на Интерворкс?
Постојат повеќе причини за тоа. Сведоци сме дека оваа година е година на транзиција за сите, а ние веруваме дека е година на нови почетоци. Па би рекол дека за нас ова беше совршено време да се навратиме назад на нашите почетоци, кои сме биле, како сме се развивале со текот на времето, и да поставиме основа за нешто уште поголемо – да креираме бренд кој ќе се заснова на нашето богато минато, но ќе се фокусира кон иднината на дигитализацијата и конекциите. Другиот аспект е тоа што сега сме глобално уникатни и нашите уникатни вредности ќе бидат лесно препознатливи на глобално ниво. За крај, верувавме дека тоа што секојдневно го правиме, внатрешно и надворешно, не е потполно експонирано со нашиот поранешен бренд и затоа одлучивме да се дефинираме точно така како што се чувствуваме.
– Што значи новото име?
Кога ја добивме идејата за ребрандирање, и кога ги разгледувавме предлозите за кое име да го избереме, сите бевме едногласни во тоа дека мора да зачуваме нешто што ќе не потсетува на тоа што сме биле, а само да додадеме дел кој ќе ги означува нашите сегашни и идни цели и планови. Според тоа, првиот дел од името, односно ⋮IW, е релацијата од тоа каде сме биле, а Connect е кои сме сега и каде одиме. Ние сме компанија што гради врски внатрешно, а воедно сме и компанија што решава проблеми, креира нови решенија и ги конектира/комбинира истите за да им овозможи на нашите партнери да бидат најдобри во процесот на исполнување на нивните цели.
– Кои се твоите планови за во иднина?
Верувам дека нашата приказна е на самиот зачеток и допрва ни се најдобрите години, најдобрите искуства, можности и успеси. Имаме големи амбиции за во Македонија и пошироко, и се надеваме дека ќе останеме водичи во ИТ сферата.
– Дали ⋮IWConnect ќе се преселува во нов објект во Битола?
Големата експанзија во поглед на технологии, колегии решенија водеше до тоа да отвориме канцеларии во Прилеп, и Скопје во Македонија, Амстердам (Холандија), и Хјустон (Тексас) и нашиот раст продолжува во сите тие градови, како и во Битола. Канцеларијата во која сега сме моментално почна да биде малку тесна за нас, па неодамна купивме нов објект во нова Битола (зградата на ТВ Орбис). Планираме да креираме нешто уникатно од тој простор, со што сите ние ќе се гордееме, а се надеваме ќе се гордее и Битола, а секако и Македонија.
– За крај, што е она што ја прави ⋮IWConnect една од најуспешните ИТ компании во Македонија?
Би рекол дека тоа се нашите вработени кои безрезервно веруваат во мисијата која ⋮IWConnect ја има и максимално придонесуваат за остварување на сите цели кои ќе ги поставиме, нашиот менаџерски тим, нашите партнери насекаде во светот, како и типот/големината на проблемите што ние ги решаваме со технологиите што ние ги користиме.
Успешни сме само заради тоа што се радуваме на предизвиците и на секој неуспех гледаме како многу добра лекција од која што учиме да сме подобри во иднина.
(ПР текст)