Xiaomi во декември го објави MIUI 12.5 корисничкиот интерфејс, а минатата недела видовме листа на уреди погодни за тестирање на интерфејсот во затворена бета. Додека корисниците на Mi во Кина веќе го тестираат новиот софтвер, сопствениците наMi Note 10 Lite моделот сега почнуваат да добиваат известувања за најновата надградба за нивниот смартфон.
Новиот софтверски пакет го донесува Android 11, со бројни подобрувања на безбедносните карактеристики, но сè уште е во рамките на MIUI 12 интерфејсот, бидејќи новата верзија на софтверот и натаму се тестира.
Ажурирањето е „тешко“ 2,3 GB, а покрај вообичаените Android 11 карактеристики и функции, надградбата исто така имплементира поправки на грешки, оптимизација на системот и најновата безбедносна закрпа.
Mi Note 10 Lite е телефон за глобалниот пазар и Android 11 ажурирањето би требало да биде достапно за корисниците ширум светот. Ажурирањето ја има верзијата со ознака MIUI 12.1.1.0.RFNMIXM.
Поврзани артикли