Се работи за летачки автомобил кој работи на принципот на дрон:
За погон користи батерии од 90 kW и четири пропелери, а може да достигне брзина и до 100 км/ч. Како што е наведено во насловот, станува збор за летачко возило кое вертикално слетува и полетува. Како некој мини хеликоптер.
General Motors ова возило го нарекува Cadillac eVTOL air taxi.
„Се подготвуваме за свет каде што напредокот во електричната и автономната технологија дозволува лични воздушни патувања“, изјави шефот на одделот за глобален дизајн во General Motors, Мајкл Самко во текот на презентацијата на CES 2021 саемот.
Извор: B92.net