Веројатноста дека ќе завршат во болница во споредба со непушачите, била 50 проценти поголема кај пушачите кои биле позитивни на тестот.
Британски научници открија дека пушачите се поподложни на инфекција на коронавирус и дека поради тоа се во поголема опасност да завршат на лечење во болница со потешки симпроми“, пишува францускиот Liberation.
Некои извештаи упатуваа на тоа дека пушењето има заштитен ефект кога станува збор за Ковид-19. Но, на овие студии лесно може да влијае пристрасноста во методологијата, истакна Марио Фалчи, водечки автор на студијата спроведена од научниците од лондонскиот King’s College на два и пол милиона учесници во студијата.
Нашите резултати јасно покажуваат дека пушачите се повеќе изложени на ризикот од зараза со коронавирус и страдаат од поголем број симптоми во споредба со непушачите, посочи тој.
Британските научници користеле податоци од апликацијата ZOE COVID Symptom, која е развиена за да ги следи симптомите на Ковид-19 и ширењето на заразата. Корисниците морале да наведат информации за својата возраст, висина, тежина, пол и дали се пушачи. Потоа одговорија и на низа прашања во врска со нивните симптоми и нивното времетраење.
Во споредба со непушачите, меѓу активните пушачи е забележана 14 проценти поголема веројатност да ги развијат трите најчести симптоми на Ковид-19 – треска, отежнато дишење и кашлица.
Уште поголема е веројатноста, 29 проценти, дека кај нив ќе се развијат пет или повеќе симптоми, а дури 50 проценти дека ќе имаат повеќе од десет симптоми на Ковид-19.
Најчесто пријавените симптоми, покрај трите споменати, биле губењето мирис, губењето на апетит, замор, дијареа, болка во мускулите. Колку повеќе симптоми, толку е поголема веројатноста за развој на потешка клиничка слика, објавија научниците во списанието Thorax.
Веројатноста дека ќе завршат во болница во споредба со непушачите, била 50 проценти поголема кај пушачите кои биле позитивни на тестот .
Нема сомнение, велат научниците, дека пушењето предизвикува потешки симптоми и ги зголемува изгледите за хоспитализација, но е поврзано и со помалиот број позитивни на PCR тестовите .