Еден Велшанец има доста сериозен проблем, и тоа по негова вина.
Тој во 2013 година во канта за ѓубре фрлил хард диск со „ископани“ 7.500“ биткоини, кои денес вредат околу 280 милиони долари.
Џејмс Хауелс, софтверски инженер , уште во 2009 година се откажал од „копање“ биткоини, затоа што неговата девојка тогаш се жалела дека сите тие машини се прегласани, а го сочувал само тој хард диск кој четири години подоцна завршил на депонија.
Тој уште во 2014 година, прв пат ја контактирал градската управа на Њупорт, каде што живее, за да му помогнат да го пронајде хард дискот, ветувајќи процент од биткоините за пронаоѓачите. Сепак, тогаш е одбиен, а сега им пратил нова понуда- награда од 70 милиони долари, пренесе порталот „AltRamp“.
Таа година кога го фрлил хард дискот, градската депонија била преполна, па ѓубрето се закопувало на други локации. Кога би го имал серискиот број од локацијата и пристап до извештајот, би можел да отиде точно на тоа место каде што неговото богатство е закопано.
Неговата молба, и покрај се, не е прифатена. Трошоците и ризиците од ископување се едноставно преголеми, рекле од градската управа, а и еколошката штета од ваквиот потфат би била голема.
Извор: B92.net