Samsung објави дека Neo QLED и QLED TV моделите на компанијата ќе имплементираат нови гејминг можности оваа година. Новата линија на телевизори на компанијата беше претставена на почетокот на овој месец, заедно со другите премиум дисплеи на компанијата.
Neo QLED моделите се одликуваат со Super Ultrawide GameView, кој е дизајниран да дозволи избор помеѓу 21:9 или 32:9 однос во игрите. Променливата стапка на однос е исто така достапна за новиот Q70A телевизор на Samsung и подоцнежните модели.
Овие телевизори имаат и Game Bar, каде што е можно да се провери заостанувањето на влезот или да се поврзат слушалките. Samsung ветува извонредно искуство на звук, благодарение на функцијата Game Object Tracking Sound што им овозможува на QLED телевизорите да проектираат звук низ просторијата во согласност со дејството на екранот, а сето тоа со помош на вештачката интелигенција.
Neo QLED и QLED моделите имаат 4K резолуција, стапка на освежување од 120Hz и lag под 5,8ms. 50-инчниот Q90A и другите QLED телевизори на Samsung од 55 инчи или повеќе се одликуваат со AMD FreeSync Premium Pro технологија.
Samsung не објави кога следните Neo QLED и QLED телевизори ќе бидат достапни за продажба и колку ќе чинат.