Читателите од неколку држави во САД поднеле заедничка тужба против малопродажниот интернет гигант Amazon, тврдејќи дека ги надувува цените на е-книгите во договор со група издавачи.
Во тужбата се тврди дека Amazon и издавачките куќи Penguin Random House, Hachette, HarperCollins, Macmillan и Simon & Schuster преговарале за цените на е-книгите, со што потрошувачите плаќаат повеќе за нив кога купуваат на други платформи.
Околу 90 проценти од електронските книги се продаваат преку Amazon, најголемиот трговец на мало во САД, според тужбата поднесена од адвокатската фирма Хагенс Берман.
Слична тужба е поднесена од адвокатската фирма во 2011 година против Apple и „Големата петорка“, исто така, под сомнение за договарање на цените на е-книгите.
Amazon одби да даде коментар за Reuters за тужбата.
Во средата, државата Конектикат објави дека покренала истрага против Amazon под сомнение за нарушување на еднаквата конкуренција на пазарот во бизнисот со продажба на дигитални книги.
Извор: B92.net