Минатата недела Honor објави дека Honor V40 5G телефонот ќе биде претставен на 18 јануари во Кина, но компанијата сега соопшти дека презентацијата на уредот ќе биде одложена за 22 јануари.
Honor истакнува дека причина за одложувањето се проблемите со опремата и местото на одржување на настанот, но ветува дека продажбата на V40 5G телефонот ќе почне на 22 јануари.
Кинеската компанија сè уште не ги објави деталните спецификации на смартфонот, а промотивниот постер потврдува закривен екран, издолжен punch-hole отвор за две селфи камери и правоаголен систем за камерите на задната страна.
Системот на камери на задната страна ќе се состои од 50MP главен сензор, 8MP ултраширок сензор, 2MP ласерски фокус и 2MP макро сензор.
Се очекува дека Honor V40 5G ќе има Dimensity 1000+ чипсет, поддршка за 66W брзо полнење и 55W безжично полнење. Телефонот се појави и во видео, што ни дава дополнителен увид во уредот.
Поврзани артикли