Вакцинацијата во некои држави од регионот веќе е започната. Додека се чека да пристигнат вакцините од други производители, покрај Фајзер и Спутник V, веќе е обелоденет и деталниот план за имунизација на населениеото.
Но, некои детали за вакцината на Фајзер можеби не се многу познати.
Досега се знае многу за вакцините, а ова се помалку познати факти за вакцината на Фајзер:
Кога можете слободно да шетате низ градот по имунизацијата?
Според деталниот план за имунизација, вакцинацијата се спроведува кај лица постари од 16 години. Се користат две дози, а интервалот помеѓу дозите е 21 ден. Она што досега не беше познато, а стои во планот, е дека имунитетот се развива седум дена по приемот на втората доза на вакцината.
После тоа, откако е создаден имунитетот, лицето кое примило вакцина, и според последните информации дадени од српскиот имунолог д-р Срѓа Јанковиќ, е заштитено најмалку во следните шест месеци.
Во која рака се прима вакцината?
Откако вакцината беше подготвена за употреба и беа создадени сите услови за нејзина примена, многумина беа заинтересирани за тоа во која рака треба да се даде вакцината Фајзер и дали е тоа важно.
Упатството исто така го споменува тоа.
– Нанесете ја вакцината интрамускулно во делтоидниот мускул на не-доминантната рака – се наведува во упатството.
Она што исто така е наведено, a e важен факт дека вакцината не смее да се дава васкуларно, односно интравенски, поткожно или интрадермално.
Дали е дозволено да се примаат други вакцини?
Друг важен факт што е посочен во упатствата и е поврзан со употребата на Фајзер, е дека не треба да се дава со други вакцини.
Затоа, ако сте примиле вакцина Фајзер, никогаш не треба да примате друга доза од друга достапна вакцина.
Кој не треба да прими вакцина?
Контраиндикации за употреба на вакцината се:
– Претходна сериозна алергиска реакција (анафилакса) на компонентите на вакцините
– Тежок несакан ефект по претходна доза на вакцината
– Акутно заболување
– фебрилна состојба
– Бременост
– Доење.
Мерки на претпазливост:
– Кај лица со сериозни нарушувања на коагулацијата, поради интрамускулна примена, вакцината треба да се користи само ако се смета дека придобивката го надминува ризикот од администрација на вакцината.
– Кај имунокомпромитирани лица, вклучувајќи ги и оние на имуносупресивна терапија, интензитетот на имунолошкиот одговор на вакцината може да се намали.
Што се потпишува пред вакцинацијата?
За спроведување на препорачаната имунизација со Фајзер потребна е информирана согласност од лицето кое се имунизира (потпишан образец за согласност за спроведување на препорачаната имунизација).
Имунизацијата се спроведува во надлежните здравствени установи, како и институциите надвор од здравствениот систем чии вработени или корисници се вакцинираат, во координација со надлежниот ИЈЗ / ЈЗУ, кој врши надзор над имунизацијата – се наведува во упатството.
Кои несакани ефекти се познати досега
Несакани реакции забележани во клиничките студии по примената на вакцината на Фајзер вклучуваат болка во местото на инјектирање (84,1%), замор (62,9%), главоболка (55,1%), болка во мускулите (38,3%), треска (31,9%), болки во зглобовите (23,6%), покачена телесна температура (14,2%), отоци на местото на инјектирање (10,5%), црвенило на местото на инјектирање (9,5%), гадење (1,1%), малаксаност (0,5%) и лимфаденопатија (0,3%).
Пријавени се сериозни алергиски реакции по администрација на вакцината на Фајзер за време на масовна вакцинација, односно надвор од клиничките испитувања.