Xiaomi кон крајот на 2020 година го претстави Mi 11 телефонот, што е првиот објавен модел со Snapdragon 888 чипсет. Оттогаш се појавија неколку извештаи дека компанијата се подготвува да го објави Mi 11 Pro моделот во февруари (а беше споменат и Mi 11 Lite).
Сега, според информации од Кина, моделот Mi 11 Pro (или Mi 11 Pro+) ќе има поддршка за 80W безжично брзо полнење. Xiaomi веќе ја разви технологијата, но ќе мора да биде сертифицирана пред да пристигне на телефоните.
Доколку технологијата биде одобрена, Mi 11 Pro ќе има поддршка за најбрзо безжично полнење во светот. Веќе е познато дека полначот за 19 минути ќе може до крај да наполни батерија од 4000mAh. Покрај ова, се очекува и 120W полнач преку кабел, кој е забележан со Xiaomi Mi 10 Ultra.
Другите гласини сугерираат дека Mi 11 Pro ќе има подобар систем на камери, со перископ објектив за 10x оптички зум и 120x хибриден зум. Екранот треба да биде ист како кај Mi 11 моделот: 6,81-инчен OLED со QHD+ резолуција, стапка на освежување od 120Hz и 480Hz touch sampling стапка.
Поврзани артикли