Како нов водечки модел, Galaxy S21 Ultra обезбедува најнапредни и најинтелигентни опции на камера, најдобар дисплеј и најсилни перформанси во Galaxy серијата на паметни телефони

Компанијата Samsung Electronics го претстави Galaxy S21 Ultra, водечки уред за 2021 година кој носи супериорно корисничко искуство што целосно го менува концептот на паметен телефон. Galaxy S21 Ultra е опремен со професионални технологии за камера, најинтелигентен дисплеј и одлични перформанси. Она што е специфично за Galaxy S21 Ultra паметниот телефон е можноста да се користи S Pen пенкалото, со што S21 Ultra е првиот Galaxy S уред што нуди поддршка на пенкалото за максимална продуктивност и креативност.  

„Galaxy S21 Ultra е одличен пример за тоа како Samsung своите иновации ги посветува на корисниците, така што тие можат да го збогатат своето секојдневие според сопствениот животен стил. Без технологија денес не можеме нормално да функционираме и да останеме поврзани, затоа со овој уред сакаме да направиме чекор напред и да ги поместиме границите на она што е можно со паметните телефони.“, рече TM Roh, претседател и директор за мобилни комуникации, во компанијата Samsung Electronics.

Galaxy S21 Ultra е најновото поглавје во децениската долга традиција на S серијата во донесувањето на најсовремените иновации. Samsung Galaxy S21 Ultra е дизајниран за сите корисници кои го бараат само најдоброто од технологијата за да го донесат искуството со Galaxy паметниот телефон на сосема ново ниво. 

Неверојатни иновации и дизајн што привлекуваат внимание 

Посебен елемент на Galaxy S21 е секако новиот пристап кон дизајнот на паметниот телефон, кој го носи карактеристичното Contour Cut куќиште за камера, кое неприметно се вклопува во металната рамка на уредот, за елегантно и впечатливо естетско чувство. Galaxy S21 Ultra е достапен во фантомска црна и фантомска сива боја, а целиот уред е обложен со луксузно матиран завршен слој за особено софистициран изглед. Galaxy S21 Ultra е најголемиот уред во Galaxy серијата досега, со Dynamic AMOLED 2X дисплеј од 6,8-инчи. Новитет е секако и можноста корисникот да не мора да бира помеѓу Quad HD+ квалитетот на дисплејот или брзината на освежување од 120 Hz – сега овие две компоненти се достапни истовремено.

Брзината на освежување на екранот варира во зависност од содржината на опсегот од 10 до 120 Hz за да се обезбеди оптимална енергетска ефикасност и заштеда на енергија од батеријата. Кога ќе го споредиме со претходниот модел од Galaxy S20 серијата, S21 Ultra е опремен со сијалици кои светат за 1500 нити повеќе, т.е. 25 проценти помоќно, што е најсилно на Galaxy паметните телефони досега. Екранот е унапреден и со подобрен сооднос на контрастот од 50 проценти за кристално чист и јасен приказ, дури и кога уредот се користи на отворено. Како и Galaxy S21 и S21+, S21 Ultra е опремен со опции за намалување на заморот во очите.  

Најдобра камера од сите Samsung уреди

Samsung секако својот фокус го насочи кон можностите на камерата, поради што Galaxy S21 Ultra доаѓа со бројни опции засновани на вештачка интелигенција за снимање на врвни видеа и фотографии од студиски квалитет. Galaxy S21 Ultra доаѓа со четирикратна задна камера која се состои од ултра-широка, широка и двојна теле-фото камера. Камерата е опремена со pro сензор од 108 MP, со кој е можно да се сликаат 12-битни HDR фотографии со 64 пати повеќе богатство на бои и три пати поширок динамички опсег. Со Galaxy S21 Ultra, сега за прв пат во историјата на паметните телефони е можно да се снима видео во 4K квалитет со 60 FPS, што вклучува и предна и задна камера. Дополнително, можно е секоја слика да се уреди до најситните детали со помош на RAW фајл од 12 бити. 

Galaxy S21 исто така доаѓа и со неверојатна Space Zoom функција што овозможува зумирање до 100 пати со помош на првиот систем со двоен објектив за кристално чисти снимки, без разлика на растојанието. Еден оптички објектив од 3х и еден од 10x, а двата имаат Dual Pixel (2PD) AF функција за јасни слики, дури и кога се во акција. Понатаму, користењето на камерата во ноќни услови за овој паметен телефон воопшто не претставува проблем, бидејќи Bright Night опцијата автоматски осветлува сцени во темни услови со подобрен ноќен режим на работа. И на крај, квалитетот на снимањето дополнително е подобрен со опциите за намалување на бучавата, како и со 12-мегапикселна Nona-binning технологија за правење врвни ноќни снимки. 

Паметни опции за хипер брза поврзаност 

Galaxy S серијата е веќе добро позната по своите мрежни технологии како UWB. Со вклучен UWB, корисниците можат да го испробаат и AR пребарувачот за другите Galaxy корисници да испраќаат сигнали за да помогнат во пронаоѓањето на изгубените предмети. Посебен новитет претставува Android Auto™, кој во комбинација со апликацијата SmartThings може да се користи за управување со други паметни уреди во вашиот дом. Со само неколку допири, може да се прилагоди температурата во домот на корисникот или да се вклучат светлата на дворот при враќање од работа.   

Galaxy S21 Ultra е еден од првите уреди што поддржуваат Wi-Fi 6E стандард, што овозможува поголем проток на податоци и побрза интернет конекција, а непрекината забава секако ќе се обезбеди со поддршка за 5G мрежата. За да во текот на управувањето со уредите заштедите енергија и да го поедноставите процесот, Galaxy S21 Ultra користи Dual Bluetooth® технологија  за синхронизација со повеќе уреди одеднаш и помага овие уреди како што се Galaxy Buds Pro да трошат помалку енергија.  

Galaxy S21 Ultra доаѓа со поддршка за S Pen пенкало, за прв пат досега. S Pen пенкалото со Wacom технологија овозможува непречена употреба при цртање, уредување фотографии, земање белешки или потпишување документи.  

Современи перформанси и заштита

Galaxy S серијата на паметни телефони отсекогаш биле украсени со одлични перформанси, поради што Galaxy S21 Ultra работи со најнапредниот процесор досега со повисок степен на енергетска ефикасност. Galaxy S21 доаѓа со инсталирана Samsung Knox Vault апликација -заштитна платформа заснована на сопствен чип (SoC) која дополнително ја штити меморијата од неовластени промени. Нова безбедносна можност на уредот претставува функцијата Private Share, што му овозможува на корисникот да контролира кој добива пристап до споделената содржина и колку долго е достапен за употреба. Батеријата на Galaxy S21 Ultra ќе биде полна до 50 проценти за само половина час. 

Нарачките во претпродажба ќе траат од 14 до 28 јануари 2021 година, преку следниот линк:  https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-s21/. Сите корисници што во текот на промотивниот период ќе го нарачаат новиот Samsung Galaxy S21 Ultra 5G, ќе го добијат за подарок новиот Samsung SmartTag локатор и Galaxy Buds Pro безжичните слушалки.  

Препорачаната малопродажна цена за Galaxy S21 Ultra (5G 12/128GB) ќе биде 74.999 денари.

Повеќе информации за новиот Galaxy S21 Ultra паметен телефон може да најдете на  https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s21-ultra-5g/ како и на  https://www.samsungmobilepress.com/.

  Galaxy S21 Ultra 5G
Дисплеј 6.8-инчен Edge QHD+ 

Dynamic AMOLED 2X 

Infinity-O Display (3200×1440), 515ppi, HDR10+ сертифициран
Адаптирана стапка на освежување од 120Hz (10~120Hz)

Eye Comfort Shield

*Дијагонално мерено, екранот на Galaxy S21 Ultra 5G има димензија од 6,8″ како целосен правоаголник и 6,6″ кога се вклучени и заоблени рабови, површината за гледање е помала поради заоблените рабови и дупката на камерата
Димензии и тежина Димензии: 75.6×165.1×8.9mm

Тежина: 229g(mmWave), 227g(sub6)

Камера [Предна камера]

40MP Phase Detection AF, FOV 80°, F2.2, 0.7 µm

[Задна камера]

Quad камера

Ultra широка: 12MP Dual Pixel AF, FOV 120°, F2.2, 1.4µm

Широкоаголна: 108MP Phase Detection AF, OIS, F1.8, 0.8µm

Телефото 1: 10MP Dual Pixel AF,
Оптички 3x, OIS, F2.4, 1.22µm

Телефото 2: 10MP Dual Pixel AF, 

Оптички 10x, OIS, F4.9, 1.22µm

100X Space Zoom 

Laser AF Sensor 

*100X Space Zoom вклучува 10x Optic Zoom и се зголемува до 100x Super Resolution Zoom. Super Resolution Zoom вклучува и дигитален zoom што може да го намали квалитетот на сликата 
AP 5nm 64-bit Octa-Core Processor

2.9GHz (Максимална брзина) + 2.8GHz +2.2GHz

Меморија 12GB RAM (LPDDR5) со 128GB / 256GB внатрешна меморија

16GB RAM (LPDDR5) со 512GB внатрешна меморија

*Достапноста на внатрешната меморија може да варира во зависност од земјата, моделот и операторот. Количината на достапна меморија може да варира во зависност од претходно инсталираниот софтвер, земја, модел, големина на датотека и формат.  
Батерија 5000mAh (типично)
*Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети лица. Типичната вредност е проценетата просечна вредност што го зема предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата помеѓу тестираните примероци на батерии според IEC 61960 стандардот. Проценетиот (минимален) капацитет е 4855mAh на овој Galaxy S21 Ultra. Траењето на батеријата може да варира во зависност од мрежното опкружување, употребата и другите фактори.
Полнење Унапредена безжична брзина на полнење со Fast Wireless Charging 2.0

USB PD 3.0 (PPS) сертифицирано брзо полнење за полнење со кабел (AFC и QC2.0 компатибилност)

*WPC сертификат за безжично полнење

*Wireless PowerShare

*Fast Wireless Charging 2.0 е моментално достапно со Wireless Charger Stand, Wireless Charger Duo Pad и други уреди што поддржуваат безжично полнење од 10W или побрзо безжично полнење. Се продава одделно. Брзината на полнење варира во зависност од начинот на користење на уредот, условите за полнење и други фактори. Безжичното полнење бара поврзување со струја. Препорачливо е да користите кабел за полнење додека адаптерите за употреба на уреди од трети страни може да предизвикаат дефекти на Wireless charger stand уредот, Wireless charger Duo и Wireless Charger Trio уредите или да ја намалат брзината на полнење.    

*Wireless PowerShare е ограничен на Samsung или паметни телефони од други брендови со Oi безжично полнење, како што се Galaxy S21, 21+, S21 Ultra, Galaxy Z Fold2, Galaxy Note20, Galaxy Note20 Ultra, Galaxy S20, S20 +, S20 Ultra, Z Flip, Note10, Note10 +, S10e, S10, S10 +, S10 5G, Fold, S9, S9 +, S8, S8 +, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge +, Note9, Note8, Note FE, Note5 и носечките уреди како што се Galaxy Buds Pro, Galaxy Buds Live, Galaxy Buds, Galaxy Watch3, Galaxy Watch Active2, Galaxy Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch. Ако батеријата е помала од 30 проценти од капацитетот, Wireless Power Share не работи. Може да се случи да не работи со одредени уреди од други брендови или со некои носечките Samsung уреди. Може да влијае на приемот на податоците, во зависност од мрежното опкружување               

OS Android 11
Мрежа и поврзување  [5G]5G Non-Standalone (NSA), Standalone (SA), Sub6 / mmWave

[Wi-Fi 6E] 

[Ultra Wideband] 

*Брзината може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото окружување. 

*Бара оптимална 5G мрежа. Брзината може да варира во зависнот од пазарот, операторот и корисничкото окружување.

*Ultra Wideband поддржан на Galaxy S21+ и S21 Ultra.

*Wi-Fi 6E поддржан на S21 Ultra.

Плаќање NFC, MST
*Достапно на одбрани пазари.
Сензори Ultrasonic Fingerprint сензор, Akcelerometar, Barometar, Gyro сензор, Geomagnetni сензор, Hall сензор

Сензор за близина, Ambient Light сензор 

Автентификација Заклучување: pattern, PIN, лозинка

Биометриско заклучување: Ultrasonic Fingerprint, Препознавање на лице

Звук [Ultra високо квалитетен audio playback]

UHQ 32-bit &DSD64/128 поддршка

PCM: до 32 bits, DSD: DSD64/128

*DSD64 и DSD128 playback може да биде ограничен во зависнот од формата на датотеката.

[Audio playback формат]

MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, WMA, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA, APE, DSF, DFF

[Bluetooth]

Dual Audio. Scalable Codec

*Два поврзани уреди можат да покажат мала разлика во квалитетот на звукот.

*Достапно само за одредени Samsung уреди, како Galaxy Buds Pro, Galaxy Buds Live, Galaxy Buds. 

[Снимање на звук]

Снимањето на звук е унапредено со помош на High AOP Mic кој ја минимизира дисторзијата и звук од окружувањето.

*AOP: Acoustic Overload Point

Видео [Video playback формат]

MP4, M4V, 3GP, 3G2, WMV, ASF, AVI, FLV, MKV, WEBM

[TV поврзување]

Безжично: Smart View (screen mirroring 1080p и 30 fps)

Кабловско: поддржува DisplayPort преку USB type-C. Поддржува video out кога се поврзува со HDMI адаптер. (DisplayPort 4K UHD и 60 fps)

Водоотпорност IP68
*IP68 е заснован на тест во услови на испитување на потопување во вода до 1,5 метри во траење од 30 минути. Не се препорачува употреба на плажа или базен.