Русија објави дека ја разгледува можноста за развој на „полесна“ верзија од својата вакцина Sputnik V против корона вирусот, за да овозможи привремено решение за најпогодените земји од пандемијата.
Рускиот сиверен фонд кој го финансираше развојот на Sputnik V одобрен минатото лето, сега финансира клинички испитувања на Sputnik Lite, соопшти генералниот дирекотр Кирил Дмитриев.
Ако Sputnik V е 90 отсто ефикасен, со две дози, за Sputnik Lite потребна ќе биде една доза, а ефикасноста ќе биде до 85 отсто.
Таа вакцина може да биде привремено решение за неколку земји кои го достигнаа врвот на пандемијата и се обидуваат да спасат што повеќе животи.
За рускиот пазар, Sputnik V во две дози останува главна вакцина, а кампањата за вакцинирање почна во декември.