Научниците го идентификуваа антивиралниот протеин кој што го открива размножувањето во клетките и кој што управува со одговорот на имунитетот на човекот во борбата со Ковид-19.
Протеинскиот сензор во човечките бели дробови идентификуван е како оној кој што го открива Ковид-19 и потоа испраќа сигнал до имунитетот за да дојде до навремен антивирусен одговор.
До тоа откритие дошле научниците од Институтот за медицински откритија „Sanford Burnham Prebys“ во Калифорнија.
Истражувањето за тоа откритие објавено е во научното списание „Cell Reports“, а истото дава увид во молекуларната база за тешкиот облик на болеста и може да доведе до нови стратегии во лечењето и спречувањето на Ковид-19.
„Нашето истражување покажа дека протеинот MDA-5 е „имунолошкиот полицаец“ кој што има задача да го демне Ковид-19 и да повика зајакнување кога е време за тоа“, истакнува Сумит Чандра, директор на програмот за имунитет и патогенеза на наведениот Институт и еден од авторите на истражувањето.
„MDA-5 ги препознава вирусите кои што се размножуваат во клетките и активира интерферон, главниот заштитник на нашето тело од првата одбранбена линија во борбата против вирусна инвазија. Без одговарачката реакција на интерферонот на вирусот, вирусната инфекција може да доведе до смртоносна воспалителна реакција која што излегува од контрола“, додава Чандра.
Во истражувањето научниците проучувале 16 вирални протеини кои што се поврзуваат со RNK во човечките епителијални клетки во белите дробови и идентификувале дека MDA-5 е најдоминантниот протеин кој што одговара за активирање на интерферонот.
Пред ова истражување беше познато дека активирањето на интерферонот е клучно за координирање на реакциите на имунитетот на вирусот, но чуварот кој што го контролира тој процес досега беше непознат.
Научниците додаваат дека за способноста на телото да ја совлада офанзивната тактика на вирусот и да го активира интерферонот најголемо влијание има и тоа колку е тежок обликот на болеста.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли