Без големи најави, компанијата HTC претстави смартфон од средниот ценовен ранг што ја поддржува 5G мрежата.
Се работи за уредот Desire 21 Pro 5G кој беше претставен во Тајван. Паметниот телефон има 6,7-инчен IPS LCD екран со резолуција од 2,400х1,080 пиксели и брзина на освежување од 90Hzа, а го користи процесорот Snapdragon 690 на Qualcomm кој поддржува 5G конекција. Процесорот е спарен со 8GB RAM и 128GB простор за складирање што може да се прошири преку microSD картичка.
На задната страна има четири камери, 48MP главна, 8MP ултраширокa од 8, 2MP макро и сензор за длабочина од 2MP, додека на предната страна во punch-hole отоворот на екранот е сместена селфи камера од 16MP.
Уредот го напојува батерија од 5.000 mAh, која поддржува 18W полнење. Сензорот за отпечатоци за прсти сместен бочно во копчето за вклучување/исклучување на уредот.
Desire 21 Pro 5G може да се нарача во Тајван по цена од 430 долари во сина и виолетова боја, а засега нема информации за неговото пристигнување на глобалниот пазар. Кога тоа ќе се случи, цените веројатно ќе бидат различни.