Според последните резултати, утврдено е дека вакцината против коронавирус што ја разви кинески Sinovac Biotech е ефикасна само 50,38 проценти. Ова значи дека вакцината CoronaVac е значително помалку ефикасна од она што претходно беше објавено, а потребни се над 50 проценти за регулаторно одобрување.
Минатата недела, истражувачите од Институтот Бутантан, кои спроведоа испитувања во Бразил, рекоа дека вакцината е ефикасна 78 проценти против „благи до тешки“ случаи на Ковид-19. Но, денеска соопштија дека според најновите сознанија, во овој процент не влегуваат податоци од групи на „многу благи инфекции“, кај оние кои ја развиле болеста и примиле вакцина и на кои не им била потребна лекарска помош.
Со вклучувањето на овие податоци, стапката на ефикасност сега е 50,4 проценти, велат истражувачите.
Sinovac's CoronaVac vaccine has been bought by countries with promises of high efficacy
Brazil just burst that bubble
Brazilian researchers report the CoronaVac efficacy is 50.4%
This is why we need published phase 3 trials before celebrationshttps://t.co/Tmrrk7Kz94
— Infectious Diseases (@InfectiousDz) January 12, 2021
Но, тие нагласуваат дека вакцината е 78 проценти ефикасна во спречување на поблаги случаи на кои им треба третман и 100 проценти ефективни во спречување на умерени до тешки случаи.
Резултатите од испитувањето на кинеската вакцина варираат од земја до земја.
Турските истражувачи минатиот месец соопштија дека вакцината CoronaVac е ефикасна 91,25%, додека Индонезија, која ја започна својата програма за масовно вакцинирање минатата среда, рече дека е ефикасна 65,3 проценти.
Кинеската вакцина е, заедно со онаа на производителот AstraZeneca, е втора што бразилскиот регулатор моментално ја разгледува за одобрување, а повеќе земји, вклучувајќи ги Индонезија, Турција и Сингапур, веќе ја нарачаа оваа вакцина, според BBC.
Поврзани артикли