Xiaomi пред неколку недели го најави Mi 11 премиум телефонот во Кина. Во следните месеци се очекува Mi 11 да стигне и на глобалните пазари, но нема да биде сам. Gizmochina открива дека Xiaomi глобално ќе го објави и Mi 11 Lite заедно со Mi 11.
Xiaomi Mi 11 Lite минатата недела се појави на FCC сертификација, а листингот ја потврдува 6GB RAM конфигурацијата, како и можност за избор помеѓу 64GB и 128GB простор за складирање податоци.
Телефонот ќе има батерија од 4150mAh, со поддршка за 33W брзо полнење, а од самиот старт ќе го користи MIUI 12 интерфејсот, заснован на Android 11. Се сугерира дека Mi 11 Lite ќе има 120Hz LCD дисплеј, а ќе го покренува Qualcomm Snapdragon 732G чипсет, кој нема поддршка за 5G.
Се очекува дека Mi 11 Lite на европските пазари ќе има цена помеѓу 349 и 449 евра.