Google можеби работи на нова функција за хибернација за следната верзија на Android или Android 12. Функцијата за хибернација прв ја откри тимот на XDA Developers, a ќе им овозможи на корисниците да ја запрат работата на апликациите во позадина.
Ова е откриено во Android Open Source (AOSP) и би требало да помогне да се подобри траењето на батеријата на уредите, а истовремено да им помогне на производителите на оригинална опрема да ја подобрат безбедноста. Иако се уште не е познато името на новиот оперативен систем за паметни телефони, неговата презентација се очекува во текот на оваа година. Првиот preview за Android 12 може да го добиеме до март.
Хибернацијата веќе постои во Android, но во моментов е претежно во рацете на програмерите на апликации и самиот оперативен систем. Во моментов е можно да се повлече апликацијата од екранот за неодамна користени, за да се обезбеди дека не се задржува премногу долго. Со новиот систем, Google веројатно ќе им овозможи на корисниците да изберат кои апликации веднаш треба да преминат во состојба на хибернација.
Се очекува дека Google ќе го олесни и покренувањето на другите продавници за апликации на со следната Android верзија. Компанијата неодамна преку соопштение објави дека ова ќе биде дел од повратните информации што пристигнале од големиот број програмери.