Додека луѓето ширум светот се благодарни што заврши 2020 година, NASA предупреди дека астероид со големина од 220 метри се движи кон Земјата и дека на почетокот на годината ќе и се приближи на нашата планета.
Претходно, последниот минатогодишен астероид 2020 YB4, со големина од само 36 метри помина покрај Земјата нешто по шест часот наутро на далечина од 6,1 милиони километри. Ова значи дека кога станува збор за закана од астероид, Земјата остана недопрена во 2020 година, пишува Russia Today.
Сепак, во првите денови од јануари, три дополнителни мали вселенски објекти накратко ќе ја „маѓепсаат“ Земјата со своето присуство.
Само во првите два дена од 2021. година, 15-метарскиот астероид 2019 YJ4 прелета покрај Земјата на безбедно растојание од 6,4 милиони км.
Веќе наредниот ден, два астероида: 15-метарскиот 2020 YA1 и 21-метарскиот 2020 YP4 поминаа покрај Земјата на растојание од 1,5, односно 2,1 милиони км.
Поголемиот астероид 2003 AF23 со дијаметар од 220 метри, или со големина на мостот Golden Gate, ќе помине покрај Земјата на растојание од 6,9 милиони км.
Поврзани артикли