Голем дел од годишните приходи на компанијата Apple доаѓаат од App Store, било да се работи за iOS, iPadOS или macOS платформите. Во текот на 2020 година, кога голем број луѓе беа принудени да останат дома поради пандемијата, продавницата за софтвер на Apple постигна подобар резултат од од било кога, заработувајќи 64 милијарди долари.
Според аналитичарите на CNBC, App Store оствари раст од 28 проценти во 2020 година, што е огромен скок од 3,1% во однос на 2019 година. Уште во 2018 година, App Store генерираше 48,5 милијарди долари, а потоа во 2019 година е остварена заработка од 50 милијарди долари. Минатата година забележан е уште еден скок на годишната заработувачка, од 64 милијарди долари.
Apple не ги објавува овие резултати јавно, така што проценките на аналитичарите се најдобриот показател што го имаме. Проценката на CNBC се заснова на податоците за тоа колку Apple им платил на програмерите на апликации, кои го продаваат својот софтвер преку App Store. Поаѓајќи од овој број, можно е да се креира проценка на вкупната заработувачка на Apple преку App Store.
Заработувачката во App Store може да изгледа малку поразлично во 2021 година, бидејќи Apple внесува промени преку нова програма за мали бизниси. Преку оваа програма, програмерите на апликации, кои генерираат помалку од еден милион долари годишно на App Store, ќе треба да платат само 15% од таксите на Apple. Програмерите кои ќе генерираат повеќе од тоа ќе бидат предмет на стандардниот систем на Apple со 30 проценти од заработката. Ова е една од причините зошто Apple е мета на бројни тужби во последните неколку години, а најистакната е онаа на Epic Games, која и натаму е актуелна.
Поврзани артикли