Ново истражување покажа дека тлото буквално тоне под нашите стапала.
Според податоците на новото истражување, до 2040. година ќе потопнат 12 милиони квадратни километри земја.
„Спуштањето на површината на копното е потенцијално разорна опасност што може да биде предизвика низа природни и антропогени предизвикувачи, но тоа главно е резултат на цврстата или течна мобилизација под површината“, се наведува во истражувањето.
Причините се претежно резултат на човечката активност, како што е црпење на нафта, природен гас и подземни води.
„Во следните децении глобалната популација и економскиот раст ќе ја зголемат побарувачката за подземни води, а црпењето на подземните води во комбинација со сушата веројатно ќе го зголемат слегнувањето на земјиштето и ќе предизвикаат придружни штети“, сметаат научниците.
Откриле дека на најмалку 200 локации во 34 земји дошло до пропаѓање на земјиштето поради црпење на подземните води во поселдните 100 години. Повеќето градови се сместени на локации на кои им се закануваат одрони.
„Нашето истражување покажа дека 1.596 поголеми градови, односно 22 проценти од 7.343 големи градови во светот се изложени на ризик од потенцијален одрон на тлото“, се вели во студијата.
Опасноста е поголема поради фактот што ризичните локации се населени или се наоѓаат околу густо населените урбани центри. Ова значи дека ќе има влијание врз голем број луѓе и на различни начини.
Научниците бараат од лидерите на земјите да воведат политики поврзани со одронот на земјиштето, а тоа е посебно важно бидејќи се зголемува и нивото на морето.