Богатството на основачот на SpaceX и Tesla, Елон Маск се зголеми до 188.5 милијарди долари, стои во најновиот Индекс на милијардери на Bloomberg. Со ова, Маск го надмина основачот на Amazon, Џеф Безос за 1.5 милијарди долари и стана најбогатиот човек во светот.
Пораснатите акции на тргувањата на берзите за 4.3 отсто на производителот на електрични автомобили, Tesla придонесе за зголемување на богатството на Маск, пишува Bloomberg.
„Чудно, напиша денеска Маск во соопштение на Twitter во одговор на оваа информација. „Добро, назад на работа“, додаде тој.
Маск го освои второто место на рејтингот на Bloomberg во ноември, надминувајќи го соосновачот на Microsoft, Бил Гејтс. Според агенцијата, Гејтс моментално тежи 132 милијарди долари.