Вакцината на американската компанија Moderna најверојатно ќе обезбеди заштита од инфекција со коронавирусот од најмалку две години, изјави денеска Стефан Бансел, извршен директор на таа фармацевтска компанија од Кембриџ, во американската држава Масачусетс.
Американската компанија, која минатата година го изненади светот, произведувајќи ефективна вакцина за само неколку недели, вчера доби дозвола за употреба во Европската унија од регулаторното тело ЕМА.
– Кошмарното сценарио што се провлекуваше низ медиумите пролетта беше дека вакцината ќе трае само еден месец или два. Мислам дека сега тоа не е доведено во прашање. Падот на антителата оди многу бавно по примањето на вакцината. Веруваме дека заштитата ќе трае најмалку две години, рече Бансел.
Тој додаде дека неговата компанија ќе докаже дека вакцината ќе биде подеднакво ефикасна и против јужноафриканскиот и англискиот сој на вирусот, со што се согласуваат и независните научници.
Поврзани артикли