Xiaomi минатиот месец го најави премиум смартфонот Mi 11 во Кина, кој пристигнува како прв модел во светот што го покренува Qualcomm Snapdragon 888 чипсет. Сега онлајн се појави Lite варијантата на телефонот.
Се сугерира дека Xiaomi работи на послаб Mi 11 Lite, но и на Mi 11 Pro модел, што ќе биде повеќе премиум варијанта. Дојавувач од Виетнам објави и видео за Mi 11 Lite.
Наводно, Xiaomi Mi 11 Lite ќе користи Snapdragon 732G чипсет, заедно со 6 GB RAM и 128 GB простор за складирање. Би требало да има рамен FullHD IPS LCD екран, со брзина на освежување од 120Hz.
На задната страна се очекуваат три камери, со два големи и еден значително помал сензор. Xiaomi Mi 11 Lite се очекува да чини околу 350 долари и да биде достапен во црна и сина варијанта.