Познатата д-р Олга Голубовска објаснила зошто зголемената телесна температура всушност е добра.
Украинската докторка, инаку истакнат специјалист за заразни болести, Олга Голубовска, објаснила зошто зголемената телесна температура не треба да се намалува во првите денови од инфекцијата на коронавирусот.
„Постои шема на заразниот процес, а во неговиот почетен период телесната температура не треба да се намалува. Тоа е нашата заштита која што се градела милиони години за да нè заштити од патогените, па дури и од овие новите.
Температурата е директна антивирусна заштита, синтеза која што ја забрзува работата на заштитните клетки. Воедно има директен ефект на вирусот затоа што на високите температури способноста на неговата репродукција се намалува“, истакнала во интервју за „Obozrevatel“ докторката.
Сепак, кога постојат директни индикации таа да се спушти – треба да се направи тоа.
„На пример, доколку личноста е во ризик од мозочен удар, има органски оштетувања или пак епилептични напади поради високата телесна температура, тогаш задолжително треба да настојувате истата да ја намалите“, објаснила докторката.
Поврзани артикли