Нова година носи нови предизвици, а со малку креативност се создаваат и нови решенија.Така се создаде и платформата  Паричето.мк – дигитална пита со паричка.

Наместо групирање за претстојните празници, Стефан Алексиќ од тимот Challenger направи дигитална платформа преку која на безбеден начин секој ќе може да врти пита со паричка со своето друштво или семејство.

„Сакам луѓето безбедно да ги прославуваат празниците. Чуствувам дека сме при крај со кризава ама мора да издржиме уште малку. Се надевам дека апликацијава ќе им помогне на сите оние кои не можат да седнат на заедничка маса на престојните празници“ вели Стефан. Паричето.мк е создадена со цел да не сплоти во миговите кога сме оддалечени едни од други.

Нема ограничен број на учесници во делење на питата, но досега е тестирана со најмногу до 40 корисници. Платформата фунционира на тој начин што се внесуваат имињата на луѓето со кои сакате да ја поделите виртуелната пита, по што се извлекува дел.

Нека ве послужи среќата и се падне паричката кај вас (дома или преку платформата), чувајте се, а воедно користете ја и мобилната апликација Challenger која ве наградува додека пешачите и трчате, а со тоа се грижите за почист воздух и почисто Скопје.