Апликацијата Slack, сè попопуларна во деловниот свет, посебно за оние кои работат од дома во време на пандемијата, ја почна новата 2021 година со масовен прекин низ целиот свет.
Компанијата се огласи официјално, информирајќи ги корисниците дека се свесни за проблемот.
“Корисниците би можеле да имаат потешкотии во вчитувањето на каналот или самата апликација во овој момент. Нашиот тим истражува што ги предизвикува овие проблеми и ќе ги извести корисниците веднаш штом ќе има повеќе информации. Се извинуваме за сите настанати проблеми”, соопштија од компанијата.
Пречките во работата на Slack беа забележани уште во текот на викендот, а од утрово има голем број поплаки од корисниците ширум светот, кои главно се однесуваат на неможноста да се активира апликацијата и да се испраќаат пораки. Овие пречки се особено тешки за корисниците кои користат Slack за деловна комуникација кога работат од дома.
Да потсетиме дека софтверската компанија Salesforce неодамна објави дека ќе ја купи платформата Slack за повеќе од 27 милијарди долари, што е највредниот договор во историјата на оваа компанија, која постои веќе 21 година.
Поврзани артикли