Хард дисковите, како и сите други делови на компјутерот, не траат засекогаш. Еве неколку знаци дека е време да го замените вашиот дотраен хард диск со нов.
Корумпирани податоци и сè поголем број лоши сектори
Ако забележите нешто од ова, вашиот хард диск можеби е „на крајот на силите“:
- Грешки при отворање, преместување или складирање фајлови
- Фајловите не се отвораат
- Корумпирани податоци во фајловите
- Фајловите сами исчезнуваат
Корупцијата на податоците обично се јавува кога се создаваат податоците. Можеби проблемот е во некој штетен софтвер, односно вирус, но може да е до хард-дискот.
Bad sectors или лоши сектори се оние делови на дискот што не можат да складираат податоци како што треба. Ако имате Windows, тој автоматски ќе ги препознае и обележи, и ако ви е расипан хард дискот, ќе има сè повеќе такви сектори со тек на време.
За да се обидете да зачувате барем некои податоци од овие лоши сектори, пробајте го следново.
Windows + E -> This PC -> десен клик, па Properties -> Tools -> Check. Можете да направите и потемелен преглед, но трае малку подолго.
Отворете command prompt како администратор -> chkdsk/r c: (za C: disk) -> притиснете Y и дозволете CHKDSK да го рестартира компјутерот.
Забавување на компјутерот, чести „багови“, „син екран на смртта“
Една од најчестите причини за оваа комбинација на „симптоми“ е токму расипан хард диск. Секако, можете прво да се обидете со ажурирање на оперативниот систем или да влезете во Safe Mode и да видите што можете да направите оттаму, но ако ништо од тоа не успее – најверојатно станува збор за хард дискот.
Чудни звуци
Ако слушнете нешто што е невообичаено кога работи вашиот компјутер, тоа може да биде проблем. Повторливиот звук познат како „клик на смртта“ најверојатно е предизвикан од обид на главата на хард дискот да напише податоци, но не успева. Исто така, звуци на гребење или пиштење не се добар знак.
Што да направите ако сакате да го смените хард дискот?
За почеток, направете сигурносна копија. Можете да направите копија преку интернет, користејќи OneDrive или нешто слично.
После тоа, заменете го дискот и едноставно пренесете ги сите податоци на новиот. Не заборавајте да ги избришете целосно од стариот кога дефинитивно повеќе не ви требаат. Многу луѓе решаваат физички да го уништат, но тоа не е најсреќното решение за животната средина.
Извор: B92.net
Поврзани артикли