Нови рендери и информации за претстојниот телефон Motorola Moto G Stylus 2021 доаѓаат од @OnLeaks и @VoiceHQ. Се сугерира дека уредот ќе му припаѓа на средниот сегмент и ќе му конкурира на LG Stylus 7 Series.
Во ноември, дојвувачот Еван Блас објави неколку клучни информации за уредот, а сега голем дел се потврдени. Ова вклучува голем 6,8-инчен екран, сместен во куќиште со приближни димензии 169,6 x 73,7 x 8,8 мм (дебелината оди до 10,9 мм со испакнатина за камерата).
Рендерите го потврдуваат рамниот дисплеј на Moto G Stylus 2021, со еден punch-hole отвор за селфи камерата, сместен во горниот лев агол на екранот. Се сугерира дека предната камера ќе има сензор од 16MP.
На задната страна, смартфонот ќе има систем од четири камери, кој ќе се состои од 48MP главен сензор, 8MP ултраширок, 5MP макро и 2MP сензор за длабочина.
Нови извори сугерираат различна позиција на сензорот за отпечатоци. Еван Блас претходно истакна дека овој сензор ќе биде поставен од страна на рамката, додека новите информации покажуваат дека скенерот ќе биде на задната страна и ќе биде вграден во логото на Motorola.
Конечно, како што сугерира името на уредот, Motorola Moto G Stylus 2021 ќе пристигне со паметно пенкало што се вклопува во дното на телефонот, каде што ќе се наоѓа и 3.5 мм приклучок за слушалки.