Дали сакате да скриете некој Viber разговор? Нема проблем, само следете ги овие едноставни упатства.
Отворете го разговорот што сакате да го скриете од екранот, а потоа изберете ја опцијата за информации за разговорот. Изберете Скриј го овој разговор. Кога ќе ви биде побарано, поставете свој PIN-код (ако користите iPhone, можете да користите и Touch ID). Разговорот сега е скриен.
Отворете ја апликацијата Viber, па внесете го PIN-кодот во полето за пребарување. Погледнете го списокот на скриени разговори и изберете го оној што сакате да го отворите.
Отворете го разговорот. Отворете го екранот со информации за разговорот. Изберете Откриј го овој разговор. Внесете PIN или скенирајте го својот Touch ID (iPhone). Разговорот повторно ќе се појави во апликацијата на вообичаен начин.
Кога ќе примите порака во скриен разговор, ќе добиете само известување дека „имате нова порака“, но не и она што го пишува, како кај другите. За да го прочитате, отворете го Viber, а потоа внесете PIN во полето за пребарување.
Отворете ја апликацијата, а потоа изберете Повеќе. Изберете Поставки -> Подесување -> Скриени разговори -> Промени PIN. Внесете го актуелниот PIN и променете го во даденото поле.
Изберете Повеќе -> Поставки -> -> Приватност -> Скриени разговори -> Ресетирај PIN-код.
Имајте на ум дека ако го ресетирате PIN-кодот, сите ваши скриени разговори ќе бидат избришани.
Скриените разговори не се достапни на Viber за компјутер или таблет. Не можете да скриете разговор на овие уреди и ако сте го сокриле преку телефон, тој нема да ви биде достапен преку вашиот компјутер или таблет.
Извор: B92.net