Poco F1 (или Pocophone F1) беше претставен во 2018 година и беше исклучително популарен благодарение на врвниот чипсет и ниската цена. Оттогаш Poco издаде голем број телефони, но Poco F2 не беше меѓу нив. Тоа може наскоро да се промени, бидејќи компанијата го најави F2 преку видео на Twitter.
Poco не откри ништо за F2 телефонот, но гласините сугерираат дека уредот ќе работи со Snapdragon 732G чипсет, ќе има 120Hz AMOLED екран и батерија од 4250mAh со поддршка за обратно полнење.
The stage is set! The fun has begun! Let us get ready to take it to the next level!
Excited? You should be, coz the next year is going to be even crazier.
While we enjoy, let us look back at everything we've achieved together! Thank you ❤️ pic.twitter.com/K0432jSj8B
— POCO India (@IndiaPOCO) December 31, 2020
Poco F2 ќе има систем со четири камери на задната страна (широк, ултра-широк, макро и сензор за длабочина), додека глобалната верзија на телефонот ќе има и NFC поддршка. Кодното име на уредот е „courbet“, а ознаката на моделот е K9A.
Бидејќи овие спецификации не доаѓаат директно од Poco, треба да се земат со доза на резерва, а останува да се види да видиме што ќе понуди кинеската компанија со наследникот на моделот Poco F1.