Во 2019 година во атмосферата биле испуштени 915 милиони тони јаглероден диоксид од страна на комерцијалните авиони. Многу авионски агенции имаат цел да ги преполоват испуштањата на штетни гасови до 2050 година, во однос на 2005 година. Еден начин за постигнување на ова е користење еколошко гориво.
Неодамна, авиопревозникот Atlas Air Worldwide успешно направи тест-лет од Спин до Мексико Сити користејќи мешавина од еколошки горива. Товарниот лет бил овозможен со мешавина од еколошко авионско гориво познато како САФ и традиционално авионско гориво. Еколошкото гориво било направено од свежо растително масло.
Во мешавината имало 2,33% еколошко гориво, што не е многу. Сепак, демонстрирањето дека ова гориво е ефикасно, иако во мал процент, може да доведе до огромно опаѓање на испуштањето штетни гасови. Еколошкото гориво го намалува испуштањето на штетни гасови за 80%.
– Иновативните проекти за еколошки авионски горива ја покажуваат нашата способност да соработуваме со нашите клиенти и добавувачи за да помогнеме во создавањето одржлива иднина за авионската индустрија и глобалната трговија – изјавил Џон. В. Дитрих, претседател и извршен директор на Atlas Air Worldwide.
Поврзани артикли