Трката за мегапиксели на сензорите за смартфон камерите не е ни близу до крајот, иако оваа година за засотри значително, благодарение на уредите како Samsung Galaxy S20 Ultra и Xiaomi Mi 10T Pro, кои можат да се пофалат со 108 мегапиксели.
Во исто време, најавен е уред од 192 мегапиксели и се шпекулира дека ќе биде Xiaomi, како и дека нема да биде предводник затоа што ќе користи процесор Snapdragon 765.
Звучи моќно, надреално и напредно, особено во споредба со некои сензори од 12MP или 16MP. Но, софтверот е и онака најважен, па доколку фотографијата не се обработи соодветно, резултатот е лош, без оглед на мегапикселите. На пример, Apple сè уште има 12MP на моделите на iPhone, кои се едни од најдобрите во светот. Samsung реши да ја „зачини“ приказната најавувајќи сензор од дури 600 мегапиксели, како што пишува на „Twitter сигурниот инсајдер „Ice Universe“.
Познато е дека ќе има големина 1/0,57 инчи, што е доста интересно затоа што најголемиот сензор во моментот е оној на Huawei P40 Pro+ со 1/1,28 инчи. Големината е важна тука, бидејќи колку е поголем сензорот, толку повеќе светлина може да „фати“ и со тоа дополнително да го подобри квалитетот на фотографијата.
Понатаму, модулот од 600 мегапиксели ќе биде дебел 22 милиметри и ќе го покрие поголемиот дел од задниот дел на телефонот. Ако се знае дека во моментов просечните модули зафаќаат околу 10 милиметри или еден сантиметар, јасно е колку овој ќе биде пообемен од сè на што сме навикнале.
Извор: B92.net
Поврзани артикли