Huawei претходно овој месец ја објави HarmonyOS 2.0 бета верзијата на софтверот за избрани уреди, а еден програмер одлучи да истражува малку подлабоко во она што го сочинува новиот оперативен систем. Како што се испостави, HarmonyOS 2.0 бета верзијата сè уште е во голема мера базирана на Android.
Најпрвин, тој креираше едноставна апликација „Hello world“ за многу постарото Android 4.4 KitKat опкружување и ова поттикна многу слична порака на виртуелната машина, која работи на најновата верзија на Android (на сликата лево) и виртуелната машина што работи на HarmonyOS 2.0 бета верзија (фотографија десно). Се чини дека ова се повторуваше и со други елементи, но наместо Android, во пораките стои HarmonyOS.
Програмерот успеа да отвори и системска партиција, што дополнително ја потврди оваа теорија – HarmonyOS е заснован на Android Framework. Барем во овој момент.
Според презентацијата на Huawei, AOSP (Android Open Source Project) ќе служи како отскочна даска за она што HarmonyOS се обидува да го постигне. Ова значи дека иако актуелната HarmonyOS 2.0 бета се базира на Android, во инина најверојатно ќе се префрли на сопствен framework.
Поврзани артикли