Падобранот „Стајер“ беше успешно тестиран во суровите арктички услови.
Корпорацијата „Ростех“ започна со испорака на новите падобрани „Стајер“ за специјалните единици на руската армија. „Суперкрилото“ овозможува десантирање при брзина од 350 км/ч, а горната висинска граница на скоковите со таков падобран изнесува 10000 метри. На подрачјето на половите тоа е долната граница на стратосферата. Овој падобран може да носи најмногу 180 кг, што значи дека падобранците можат да скокаат со дополнителна тежина од 50 кг.
„Стајер“ беше успешно тестиран во суровите арктички услови. Годинава руските падобранци првпат скокнаа со новите падобрани над архипелагот Земјата на Франц Јозеф.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли