Intel е подготвен во јануари да почне со масовно производство на претстојната 11. генерација десктоп процесори, како што сугерира дојавувачот @OneRaichu.
Компанијата во текот на јуни почна со производство на инженерски примероци на 11. генерација на Intel Core Rocket Lake-S процесори, додека рафинираната верзија е објавена во август. Кон крајот на ноември, Intel почна со производство на квалификациски копии на процесорот, кои сега се појавуваат во протечените вести.
Roadmap потврдува дека RTS (Ready To Ship) ја означува објавата помеѓу 12. и 15. недела од 2021 година. Меѓутоа, Intel секако сака да ги испорача првите малопродажни процесори што е можно поскоро.