AOC објави нов закривен гејминг монитор, со кој компанијата го проширува своето портфолио на дисплеи ориентирани кон игри. Моделот AOC CQ30G3E се карактеризира со 1500R закривеност, Adaptive-Sync поддршка и брз одзив.
AOC CQ30G3E има 30-инчен VA панел од осум бита, со закривеност од 1500R и 1ms MPRT одзив. Другите спецификации вклучуваат брзина на освежување од 75Hz, 2560 × 1080p резолуција, осветленост од 300 нита и контраст од 3000:1. Мониторот опфаќа 127% од sRGB спектарот на бои, како и до 99 проценти од DCI-P3 гамутот и 109% од NTSC спектарот.
Мониторот користи Adaptive-Sync (FreeSync поддршка) за гејминг искуство без цепење на екранот, има HDR режим за симулација на HDR ефекти и низокblue light мод. Присутни се и различни гејминг модови, MBR low motion блур технологија, мод за низок input lag, прилагодување на тоновите на бои и нивото на црната боја во игрите и многу повеќе.
Достапните опции за поврзување вклучуваат два HDMI порта, DisplayPort и 3,5 mm приклучок. AOC не ги објави цената и достапноста на CQ30G3E мониторот.
Поврзани артикли