Со онлајн „Демо ден“, кој помина во одлична и натпреварувачка атмосфера, Сеавус Акцелераторот ја заврши третата акцелератоторска програма – насловена како Tech Boost Program, која Сеавус ја реализираше во партнерство со еден од водечките европски B2B Акцелератори – Startup Wise Guys и Европскиот Фонд за Југоисточна Европа.
Стартапите поддржани преку третата акцелераторска програма на „Сеавус Акцелератор“: GoEasy, Si-Maind, EnRoute, Trident Peak, Culture Technologies, Nsight Solutions и Swift Data имаа ексклузивна можност да ги претстават своите бизнис модели пред домашни и странски инвеститори, ментори и стартап-организации. Овие компании беа избрани врз основа на квалитетот на продуктите кои ги развиваат, фазата на развој во којашто се наоѓаат, тимот и нивниот потенцијал за раст.
„Преку 3-месечната акцелераторска програма, тимовите од овие стартапи работеа со 30-тина ментори од мрежата на Сеавус Акцелераторот, Startup Wise Guys и SwissEP (Швајцарска програма за претприемништво), каде добија повеќе од 300 часа поддршка и насоки за подобрување и усовршување на нивните продукти, процеси, финансии, маркетинг планови и презентации пред инвеститори.
Овие партнерства, не само што сериозно го подигнаа квалитетот на програмата давајќи и интернационален карактер, туку и обезбедиja многу поголема афирмација на нашите стартапи.
Дополнително, покрај поддршката од нашите ментори-експерти, акцелераторот овозможува размена на знаења и искуства помеѓу самите претприемачи од каде произлегоа голем број нови партнерства помеѓу поддржаните компании.“– изјавија од „Сеавус Акцелератор“
„Сеавус Акцелератор“ е прв корпоративен акцелератор за поддршка на технолошки стартап компании. Проектот е помогнат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, којшто оваа година оствари партнерство со European Fund for Southeast Europe (EFSE) и Startup Wise Guys – водечки B2B стратап акцелератор во Европа.
Поврзани артикли