Два тима истражувачи од Јужна Кореја соопштија дека нашле решение за проблем со кој се соочуваат милиони луѓе ширум светот – пукнати екрани на мобилни телефони.
Експертите од Корејскиот институт за наука и технологија, во соработка со универзитетот Јонсеи, успеаја да направат полимер што може да се вгради во LCD дисплеите што ги користат повеќето мобилни телефони, кој има својство „сам да се поправи“ кога станува збор за пукнатини на екранот.
Научниците користеле супстанца добиена од ленено масло, кое под UV-светлина може да се врати во првобитната состојба во рок од 20 минути или на собна температура во рок од 12 часа.
Овој полимер содржи микрокапсули со ленено масло во комбинација со силикон. Тие го претвораат тој полимер во заштитен слој што може да се нанесе на екранот на телефонот. Кога екранот е оштетен, микрокапсулите пукаат и ги исполнуваат пукнатините, па затоа екранот се поправа.
Со оглед на тоа што податоците покажуваат дека една четвртина од корисниците на паметни телефони мораат да го заменат екранот на телефонот поради оштетување, таквата супстанција може да биде голем хит во иднина.
Сепак, ова не е ниту првиот, ниту единствениот пронајдок што ги „поправа“ оштетените екрани на паметните телефони. Проблемот е во тоа што ваквите системи се сè уште прескапи за да бидат достапни за масите, така што корисниците, во повеќето случаи, повеќе се исплати да купите нов уред, отколку да го поправите стариот.
Извор: B92.net
Поврзани артикли