Роверот Perseverance за само неколку месеци ќе пристигне на површината на Марс, а NASA одлучи да нè потсети на тоа.
NASA објави драматичен трејлер за мисијата Perseverance кој изгледа како реклама за некој научен настан кој го очекуваме со нетрпение.
Ако успешно слета на површината на Марс, малиот ровер ќе има за задачa да собере климатски и геолошки информации, примероци од карпите и да бара знаци за живот на Црвената планета.
Роверот е лансиран во јули, а се очекува дека на Марс ќе слета на 18 февруари 2021 година. NASA ќе овозможи пренос во живо за целиот свет да го гледа пристигнувањето на роверот.
Погледнете го трејлерот:
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли