Xiaomi претстави нов смартфон под името Redmi 9 Power. Меѓутоа, не се работи во целост за нов телефон – во прашање е ребрендираниот Redmi Note 9 4G, кој во Кина е објавен минатиот месец, со тоа што Redmi 9 Power има дополнителна 2MP камера.
Redmi 9 Power користи Snapdragon 662 чипсет, а работи под Android 10 оперативниот систем со MIUI 12. Телефонот има 4GB RAM и две опции за складирање: 64GB (UFS 2.1) и 128GB (UFS 2.2). Тука е и слотот за microSD картички за проширување на просторот до 512GB.
Телефонот има 6.53″ FullHD+ LCD екран, со засек за 8MP селфи камера. На задната страна се наоѓа систем со четиир камери, кои го сочинуваат главниот 48MP главен, 8M ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина.
Присутна е и опцијата за AI Face Unlock, сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката, а уредот го напојува батерија со капацитет од 6000mAh, која со брзина од 18W се полни преку USB-C порт. Во пакувањето има и полнач од 22.5W.
Redmi 9 Power пристигнува во Blazing Blue, Electric Green, Fiery Red и Might Black варијанти, со цена од околу 150 долари за 64GB моделот.