Според најновиот извештај, Apple AirPods Pro “Lite” слушалките би можеле да бидат објавени глобално на почетокот на 2021. година. Lite верзијата ќе го има истиот дизајн како и AirPods Pro, но ќе пристигне без активно стивнување на позадинската врева.
Овој модел на слушалки ќе биде достапен по подостапна цена. AirPods Pro Lite би можеле да изгледаат и да нудат чувство слично на поскапиот AirPods Pro модел, со соодветна in-ear структура, пократка дршка и контроли за тактилен одзив.
Според наводите, Apple оригинално планираше AirPods Pro Lite да ги објави во текот на 2020. година, но исклучително добрата продажба на AirPods Pro моделот ја паузираше оваа објава.
Се очекува дека AirPods Pro Lite слушалките би можеле да имаат цена кој е нешто повисока од стандардните AirPods слушалки, но значително пониска од AirPods Pro.
Поврзани артикли