Huawei објави кога ќе започнат ажурирањата на 14 модели паметни телефони и таблети со најновиот интерфејс EMUI 11, кој беше официјално претставен на 22 октомври како дел од светската премиера на новиот Mate 40 Pro. EMUI 11 нуди нови софтверски карактеристики, повисоко ниво на безбедност и заштита на приватноста, спокојно и поинтуитивно корисничко искуство и целосно оптимизирано работење на системот. Од моделите достапни на македонскиот пазар во следните недели ќе може да се ажурираат: HUAWEI P40 Pro, HUAWEI P40 Pro+, HUAWEI Mate 30 Pro, HUAWEI Mate Xs, HUAWEI P30, HUAWEI P30 Pro, HUAWEI Mate 20, HUAWEI nova 5T, HUAWEI MatePad Pro.

Северна Македонија е меѓу првите земји во кои Huawei P40 Pro и P40 Pro+ ќе добијат ажурирање на EMUI 11, при што првиот бран започнува денес, 17 декември, вториот на 21 декември и третиот на 23 декември за P40 Pro и на 25 декември за P40 Pro+. Ажурирањето на другите модели ќе започне во јануари. Сите ажурирања ќе бидат примени преку ажурирање на HOTA (Huawei Over the Air). Од новиот UX дизајн, обезбедување прекрасно визуелно искуство, нови моќни подобрувања до интероперабилноста на повеќе екрани и интелигентниот Multi-Window, кој нуди поголема ефикасност за мултитаскинг, EMUI 11 воведува значителни подобрувања во однос на неговиот претходник.

Што е ново во EMUI 11

Карактеристичен дизајн и непречена работа

Што се однесува до дизајнот, EMUI 11 нуди нова генерација Always-On дисплеј (AOD) и покрај него, нов и модерен уметнички изглед. Базиран на црвена, жолта и сина боја, новиот AOD користи нежни елементи, а палетата на бои може да се прилагоди со широк спектар од сите бои. Исто така има можност да се користи технологија за детектирање бои со сликање на облека, торба, чевли, итн, за да се создаде сопствена палета бои. Оваа одлика е достапна само на некои модели.

За да се постигне визуелно привлечен и интуитивен интерфејс, Huawei вложи не само уметнички пристап, туку и анализа за тоа како луѓето ги обработуваат и користат информациите. Така EMUI 11 воведува Long-take анимации. Инспирирани од истоимената техника во кинематографијата, се користи споделена содржина помеѓу два интерфејса за да се обезбеди непречена транзиција од една во друга. Ова овозможува фокусот на корисникот да остане таму каде што треба, а неговиот поглед да биде насочен кон најважните и активни делови на екранот, истовремено задржувајќи го чувството на мазна, ефективна, визуелна перцепција.

Корисниците на EMUI се запознаени со интелигентните функции на интерфејсот, Multi-Window, Edge Panel, Floating Window и Multi-tasking. EMUI 11 претставува подобрено паметно искуство со Multi-Window. Новата верзија ви овозможува да отворите повеќе лебдечки прозорци одеднаш. Овие прозорци може да се минимизираат во новата Quick Ball функција која може да се прошири со еден допир. Покрај тоа, благодарение на повратните информации од корисниците, EMUI 11 поддржува и прозорци во различни големини. Едноставно и лесно, само треба да го повлечете аголот на прозорецот.

Ажурирана интеракција на повеќе екрани

EMUI 11 доаѓа со нови подобрувања во интеракцијата на повеќе екрани помеѓу смартфон-лаптоп и таблет-лаптоп. За време на презентацијата, корисниците можат да имаат две истовремено активни апликации од паметниот телефон на нивниот лаптоп (ажурирањата во иднина ќе го зголемат бројот на три). Со ова ажурирање, корисниците ќе можат лесно да ги споредуваат цените на двајца трговци онлајн, да одговараат на пораки додека ја гледаат нивната омилена серија или да уживаат во целосна контрола над нивните акции, кои се наоѓаат во еден прозорец и нивната платформа за тргување – во друг.

Вашите лични податоци остануваат исти, секогаш

Во новата ера на информации, доверливоста е насока во која Huawei постојано иновира. Во моментов, EMUI 10.1 поддржува Password Safe и други безбедносни карактеристики. Подобрен со CC EAL5+ сертифициран TEE OS микрокернел, EMUI нуди целосна заштита за корисниците. EMUI 11 се базира на солидна основа со воведувањето на Encrypted Memo, што обезбедува можност за лични белешки заштитени со лозинка или биометриска верификација. Чувствителните податоци на снимените слики, како што се локацијата, времето и моделот на уредот кои се користат за креирање на сликата, може лесно да се отстранат, со што се спречува злоупотреба на податоците.