Европската комисија ја претстави својата Стратегија за одржлива и паметна мобилност, по која ќе работи на зелена и дигитална трансформација на системот на сообраќај во Европската Унија. Замислата е до 2050 година, во тој сектор емисиите да се намалат за 90%, во согласност со Европскиот зелен договор. Во оваа визија, планирано е користење на беспилотни возила и летала кои не се штетни за животната средина, како и обезбедување на пристап до супербрз јавен превоз.
Веќе до 2030 година, на пазарот би можеле да се појават товарни бродови без емисии на стакленички гасови, додека за тоа време технологијата на навигација на возилата би требало да биде во масовна употреба. Во рок од пет години после крајот на тековната деценија, ќе започне и продажба на големи летала на водород и сличен „зелен“ погон. За авионите и пловилата се планираат аеродроми и пристаништа исто така со нула емисии, а за нивниот развој ветени се субвенции.