Најпознатиот сајт за возрасни Pornhub ги отстрани сите снимки кои не се пренесени од нивните службени партнери или од членови на Модел програмата, што е огромна промена во начинот на работа на веб страницата.
Поради тоа, 10 милиони снимки едноставно ги снема.
– Во склоп со нашата политика за забрана на непроверени извори на снимки, одлучивме да ја тргнеме целата содржина која претходно беше пренесувана, а која не е внесена од нашите партнери или членови на Модел програмата, објави Pornhub.
Тоа би значело дека секој дел од содржината на страницата ќе доаѓа од доверливи извори. Односно, ќе се почитуваат стандардите на социјалните мрежи.
Компанијата Pornhub истакна дека спорните снимки ќе бидат тргнати по проверка и ревизија, а постапката на проверка ќе трае во текот на следната година.
Пред оваа промена, секој можеше да отвори профил на Pornhub и да објавува видео-снимки. Таквата пракса траеше од 2007 година до денеска.
Најавата за промена на работењето на компанијата доаѓа по низа шокатни откритија. „Њујорк тајмс“ минатиот понеделник објави извештај за детски жртви на сексуално злоставување, па Мастеркард и Виза почнаа истрага за незаконски материјали на Порнхаб.