Поминаа речиси шест месеци откако Amazon го купи стартапот што се занимава со автономни возила. Во прашање е Zoox, а заедно го претставија своето прво роботско такси.
Наместо да автоматизира некој познат модел кој подразбира и човечки возач, Zoox се одлучи за роботско возило кое е целосно автоматизирано и наменето за возење во градските гужви. Новото возило е долго 3.63 метри и нема предна страна, која во обичните возила е наменета за седишта за возачот и совозачот. Тоа значи дека нема ни волан, а и седиштата се поинакви и свртени едно кон друго, како во кочиите или возилата на градскиот превоз.
И покрај големината, возилото може да постигне брзина од преку 120 километри на час, а се напојува со помош на две одвоени батерии, благодарение на кои возилото може да се движи повеќе од еден ден со едно полнење (една батерија трае околу 16 часа). Возилото веќе се тестира во Лас Вегас и Сан Франциско, но комерцијалното лансирање се очекува дури кон крајот на 2021. година.
Поврзани артикли