Tим научници започнуваат со мисија да ја истражат огромната санта мраз што се наоѓа во Атлантскиот Океан.
Сантата од 3.900 квадратни метри е на пат да се судри со зафрлен остров во јужниот дел на Атлантскиот Океан, каде живеат илјадници пингвини и фоки и може да ја загрози нивната способност да дојдат до храна.
Научниците ќе се приближат до ледениот брег наречен А68а со истражувачкиот брод „Џејмс Кук“ и ќе користат подводни роботски возила и инструменти за да утврдат како замрзнатата маса влијае на околината.
Големите санти мраз ја менуваат температурата на морето околу нив и создаваат голема количина свежа вода при топењето, а тоа влијае на условите на морскиот живот, од наједноставните планктонски организми до китовите.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли