Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека е идентификувана нова варијанта на коронавирусот, која според него може да го објасни скокот во бројот на случаи на југот на Англија, објави „Гардијан“.
– Идентификувавме нова варијанта на коронавирусот, што може да е поврзано со рапидното зголемување на бројот на пациенти на југо-истокот на Англија, рече Хенкок.
Првичната анализа сугерира дека оваа варијанта се развива побрзо од постојните варијанти.
– Во моментов идентификувавме повеќе од 1.000 случаи со оваа варијанта, претежно во јужниот дел на Англија, иако се идентификувани такви случаи во скоро 60 различни локални области, и бројот рапидно расте, рече тој.
Хенкок рече дека е известена Светската здравствена организација. Oд СЗО, пак, одговорија дека се запознати со постоењето на варијацијата на вирусот, но оти нема докази дека таа се однесува поинаку од оригиналниот вирус.
Тој уште истакна дека здравствените експерти оценуваат дека е „многу неверојатно“ дека вакцината нема да функционира на новата варијанта, но дополни дека се прават дополнителни тестови за да се утврди евентуална резистентност.
Поврзани артикли