Пред PlayStation 5 да почне и да се испорачува, Sony објави сопствено расклопување на конзолата, откривајќи детали кои претходно не се видени (вентилатор кој го вовлекува воздухот од двете страни и проширлив SSD слот).
Сега популарниот сајт iFixit го одработи своето расклопување на конзолата, во целост расклопувајќи ги различните плочи на уредот, а сајтот дури и даде увид во PlayStation 5 со помош на машините со x-зраци.
Откриено е дека PlayStation 5 моделите со оптички драјв се осигурани и не им дозволуваат на корисниците самостојно менување на дискот. Покрај тоа, расклопен е и DualSense контролерот.
Повеќе детали и фотографии од расклопувањето на PS5 се достапни тука, а поставено е и видеото со должина од преку еден час, кој дава подобар увид во процесот на расклопување на конзолата.