Со оглед на бројот на телефони што се продаваат секоја година, бизнисот со камера сензори е многу исплатлив, така што не претставува изненадување тоа што и Canon можеби сака да влезе на овој пазар.
Компанијата неодамна потврди дека ќе почне да ги продава своите CMOS сензори на екстерните компании, кои би сакале да ја користат технологијата на Canon.
Во соопштението на компанијата се истакнува: „Canon произведува CMOS сензори од 2000. година за ексклузивна употреба во Canon производите. Надоврзувајќи се на оваа стручност и успех, Canon сега е посветен за почнување на екстерна продажба во соработка со различните индустрии. Canon CMOS сензорите имаат единствен дизајн кој ги задоволува потребите на визуелните апликации“.
На својот сајт, компанијата укажува и на различните сензори што ги креирала досега, како и на различните цели за кои можат да се користат. Останува да се види дали Canon ќе биде заинтересиран и за креирање на сензори за телефони, што не би претставувало изненадување.